Симона Халеп ќе и се спротивстави на Елина Свитолина во финалето на мастерс турнирот во Рим. Романката, во драматичното полу-финале ја победи Марија Шарапова со 2-1 (4:6, 6:1, 6:4).
Полу-финалниот меч помеѓу светската број 1 и Шарапова беше фестивал на брејкови, во кој подобро се снајде Халеп, иако Руската тенисерка го доби првиот сет, во кој имаше девет брејкови.
Халеп доминираше во вториот сет, во кој Шарапова единствениот гем го освои на сервис на својата противничка.
Во решавачкиот сет Шрапова прва стигна до брејк, потоа Халеп освои три гема во низа, Русинката израмни на 4-4, а потоа Романката ги доби последните два гема.