Top Sport

Филиповиќ најдобар ватерполист во Европа

Европската федерација за спортови во вода (ЛЕН) го прогласи Филип Филиповиќ за најдобар ватерполист во Европа, во 2018 година.

Капитенот на ватерполо репрезентацијата на Србија, лани, со националниот тим стана европски шампион, а со својот тим Про Реко ја освои двојната круна во Италија и играше во финалето во Лигата на шампионите. На ЕП во Барселона, Филиповиќ беше прогласен за најдобар играч.

Филиповиќ четврти пат ја добива оваа престижна награда, претходно за најдобар бил прогласуван во 2009, 2014 и 2016 година.

Филипоиќ освоил 46,3 отсто од гласовите, а во конкуренција уште биле и Даниел Лопез Пинедо (17,9%), Јанис Фудулис (16,4%), Александар Ивовиќ (13.4%) и Андро Бушље (6%).

Покрај Филиповиќ лауреати биле Петер Бирош (2008), Вања Удовичиќ (2010), Стефано Темпести (2011), Михо Бошковиќ (2012), Денеш Варга (2013), Душко Пјетловиќ (2015) и Марко Бијач (2017).

Scroll to Top