Top Sport

Филиповиќ трет пат во кариерата е најдобар играч во светот

Меѓународната федерација пливачка федерација (ФИНА), во Абу Даби ги прогласи најдобрите во ватерполото во 2021 година.

На доделувањето доминираа Србите, Дејан Савиќ е прогласен за најдобар тренер, а Филип Филиповиќ за најдобра играч.

Србите, пред неколку месеци го освоија златниот медал на Олимписките игри во Токио. Предводени од селекторот Савиќ и капитенот Филиповиќ, Србија го одбрани златото освоено во Рио де Жанеиро.

Финалниот меч против Грција беше последен во националниот тим за 34-годишниот Филиповиќ.

Филиповиќ, трет пат во кариерата ја доби наградата на ФИНА. Претходно за најдобра во светот бил прогласен во 2011 и 2014 година.

Слично како и Филиповиќ и Савиќ трет пат во кариерата ја доби наградата за тренер на годината. Претходно наградата ја доби во 2015 и 2016 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');