Top Sport

ФИНА суспендираше олимписки шампион зошто го поддржал Путин

Светската пливачка федерација (ФИНА) одлучи да го суспендира рускиот пливач Евгениј Рилов затоа што дал поддршка на политиките на Владимир Путин.

Евгениј Рилов на Олимписките игри во Токио минатото лето освои три медали, а суспензијата на ФИНА доаѓа затоа што се појавил на митинг во Москва одржан на 8.март како прослава за приклучувањето на регионот Крим. Ова е окаректеризирано како подршка што пливачот ја дава кон политиките на претседателот на Русија, Владимир Путин, кој изврши инвазија над Украина.

Рилов на Олимписките игри во Токио освои две златни медали на 100 метри и на 200 метри грбно, како и сребро со штафетата четири пати по 200 метри слободен стил.

Scroll to Top