Репрезентативките на Финска во хокеј го одбранија бронзениот медал на Зимските олимписки во Пекинг. Во „малото финале“, Финска ја победи Швајцарија со 4:0.
Првата третина Финска ја доби со голот на Ваиника. Резултатот 1:0 беше актуелен се до третата третина кога хокеарките од Финска постигнаа три гола преку Тапани, Латинен и Карвинен.
Финска, во женска конкуренција има освоено четири медали на зимските олимпијади, сите се бронзени.
Големото финале помеѓу САД и Канада на програмата е утре. Златото го брани селекцијата на САД.