Top Sport

Фиона Феро го обвини тренерот дека сексуално ја злоставувал

Француската тенисерка Фиона Феро го обвини поранешниот тренер Пјер Бутие дека сексуално ја злоупотребил додека била тинејџерка. 25. годишната Феро, рекла дека кривичното дело, тренерот го извршил во периодот од 2012 до 2015 година.

Адвокатот на Бутие изјавил дека тренерот „признал дека тие биле во врска, дека тоа е љубовна приказна и дека немало принуда“.

Феро многу брзо на социјалните мрежи ги демантираше овие тврдења и рече дека не се согласила на никаков однос со тренерот.

Еден од сведоците во судот ќе биде нејзината колешка Ализ Корне, која со Бутие работеше 10 години.

Инаку, Феро моментално е 259. тенисерка во светот, а на Ју-ес опен испадна уште во првото коло.

Нејзин најдобар резултат на Грен слем турнирите е осминафиналето на Ролан Гарос во 2020 година, додека најдобар пласман на ВТА листата во кариерата и е 39. место во март минатата година.

Scroll to Top