Top Sport

Фитнес тренерот на Федерер: Мускулите на Роџер „умираат“

Освојувачот на 20 грен слем тениски титули, Швајцарецот Роџер Федерер последниот меч во кариерата го одигра на минатогодишниот Австралија опен во поразот од Новак Ѓоковиќ.

Враќањето на швајцарскиот ас на големата сцена се уште е неизвесно, тврди неговиот фитнес тренер Пјер Паганини.
Тој даде изјава за физичката подготвеност на Федерер и рехабилитацијата по последната повреда на коленото.

„Има голема разлика меѓу враќањето во 2017 година и сега. Тогаш неговите мускули беа „тука“, сега се речиси мртви“ – вели Паганини.

По враќањето во 2017-тата Федерер освои два грен слема, па многумина се надеваат дека и сега ќе биде истиот случај. Паганини смета дека тоа е многу тешко да се очекува.

„Без трпението на Роџер, `гилотината веќе одамна ќе беше падната`. Од неговата страст зависи. Кога играч кој има безмалку 40 години мора да работи вежби како 17-годишник, и среќен е поради тоа, тоа е страст“ рече фитнес тренерот кој сепак не сакаше да потврди дали Швајцарецот ќе настапи во Дубаи.

Турнирот во Доха е на програмата од 8. до 13. март, па по него следува турнирот во Дубаи.

Scroll to Top