Top Sport

Фјури до Вајлдер: Дионтеј, каква мала кучка си станал!

Тајсон Фјури ја врати „војната со зборови“ со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, со кого повторно ќе влезе во рингот на 22 февруари, откако Американецот се повлече од заедничка промоција во саботата во Феникс поради болест.

„Ова е Тајсон Фјури или ’Џипси кинг’. Ова е порака до Дионтеј Вајлдер, ’бронзениот бомбардер’, големата пи.ка. Тој не се појави денеска на ТВ со мене, жалејќи се дека има грип, бидејќи не сака да биде во иста просторија со мене. Знаеја дека ќе се посрамотат со мене. Дионтеј, каква мала кучка си станал. Се плашиш дури да бидеш лице-во-лице со мене“, изјави Фјури во интересно видео на Инстаграм.

Фјури и Вајлдер имаа забавен, но и контроверзен прв меч во декември минатата година во Лос Анџелес, меч кој заврши со реми откако Фјури успеа да се врати на нозе и покрај тоа што изгледаше дека Вајлдер го нокаутираше. Мечот на 22 февруари може да има големо влијание во тешката категорија, откако Ентони Џошуа се споменува како можен противник на победникот од тој меч.

Scroll to Top