Top Sport

Англиски десеттолигашки скандал – губеа со 8:0 на полувреме, па одбија да продолжат со игра

„Големото“ дерби на малото градче Абингдон во Оксфордшајр помеѓу Абингдон јунајтед и Абингдон таун заврши по само едно полувреме, откако фудбалерите на Таун одбија да излезат на терен по полувремето откако губеа со 8:0 од лутите ривали и второпласираните во Хеленик лига 1 исток (инаку 10-та лига во англиската фудбалска пирамида).

Домаќините поведоа по само четири минути игра и имаа 4:0 по 25 минути игра, за потоа во последните 15 минути да постигнат уште четири гола. Фудбалерот на Таун, решија дека им е доволно и не излегоа на терен во второто полувреме.

„Во моите 30 години вклученост во фудбалот не сум видел такво нешто. Немаше злоба во играта, но водевме со 8:0 на полувреме и тие решија да не излезат да играат. Имаше околу 160 луѓе во публика, што е добра посетеност за нас. Ова не е фудбалски“, вели секретарот на Абингдон таун, Џон Блекмор за „Би-би-си спорт“.

Scroll to Top