Тајсон Фјури останува можеби најнеобичниот шампион во тешка категорија, откако популарниот „Џипси кинг“ не само што доминира во рингот, туку честопати потсетува на „вистинската“ страна на животот и сака да остане крајно обичен.
Фјури во саботата пред 94 илјади фанови на „Вембли“ го нокаутираше Дилијан Вајт во шестата рунда во тоа што ветува дека е неговиот последен боксерски меч, за во понеделникот наутро да се врати на вообичаените обврски, откако на Инстаграм објави видео на кое заедно со тренерот Шугархил Стјуарт го исфрла ѓубрето од неговиот дом во Моркемб, во близината на Манчестер.
Tyson Fury was quick to remind fans of the realities of life, as he and trainer SugarHill Steward take out the bins just days after selling out Wembley!
(?: @Tyson_Fury) pic.twitter.com/cCyuomueAM
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 26, 2022