Тајсон Фјури на својот 34. роденден го потврди своето повлекување од професионалниот бокс. Фјури е актуелниот и непоразен светски шампион во супертешка категорија на ВБЦ.
„Кралот на циганите“, го објави ова уште во април кога го победи Дилијан Вајт во борба за титулата на преполниот „Вембли“.
Но, после тоа во јуни најави дека ќе се врати во рингот за да се бори со подобриот од мечот Усик-Џошуа за титулата апсолутен светски шампион, а пред некој ден изјави дека би сакал повторно да се бори со Дерек Чисора.
Изгледа по сите нагаѓања решил да стави крај.
„Благодарам на сите што имаа влијание врз мојата кариера низ годините. По долги дискусии решив дека ова е дефинитивно крајот“, напиша Фјури.
Времето ќе покаже дали е навистина крај или уште еден маркетиншки трик на Фјури и неговиот тим.