Top Sport

Фјури и Џошуа ќе се наполнат со пари

Наредната година на програмата ќе бидат најмалку два боксерски спектакли, во кои актери ќе бидат Бринаците Тајсон Фјури и Антони Џошуа.

Пред неколку дена беше потврдено дека ќе има две борби помеѓу овие двајца боксери и дека тие ќе заработат огромна сума на пари.

Се очекува борбата помеѓу Фјури и Џошуа да биде една од најголемите во историјата на боксот. „Тајмс“ наведува дека за првата борба боксерите ќе добијат по 100 милиони фунти.

Втората борба ќе му донесе нешто повеќе пари на боксерот кој ќе победи во првиот меч. Распределбата на парите во вториот меч ќе биде 60-40 во корист на победникот од првата борба.

Пред закажаните две борби, Џошуа и Фјури ќе одработат по еден меч. Џошуа за противник ќе го има Бугаринот Кубарт Пулев додека Фјури ќе ги вкрсти ракавиците со Дионтеј Вајлдер.

Scroll to Top