Top Sport

Победа го дели Баерн од нова титула (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа нова победа во Бундес лигата. Актуелните шампиони во дербиот на 31 коло славеа победа над Борусија Менхенгладбах 2:1.

Првото полувреме го обележаа грешките на двете страни, најпрвин голманот на Борусија Зомер му овозможи на младиот Зирксе да постигне гол во 26 минута. Девет минути подоцна Борусија израмни со авто-голот на Павар.

Во вториот дел Баерн не успеа да воспостави доминација на теренот, но успеа да дојде до победата.

Тимската кација во 86 минута со гол за јазврши Горетцка.

Баерн има седум поени повеќе од Борусија Дортмунд, доколку победи и во наредното коло тимот од Минхен и математички ќе ја обезбеди титулата.

Scroll to Top