Top Sport

Фјури и Џошуа се договорија за два меча, ќе заработат по 100 милиони фунти!

Долгоочекуваните пресметки меѓу шампионите во тешка категорија, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, конечно, се договорени, со потпишан договор кој ќе го надмине тој на Флојд Мејведер Јуниор и Мени Паквајо како најбогат во историјата.

Иако двајцата боксери се согласија дека ќе имаат два меча во 2021 година уште минатата година, преговорите меѓу агенти „заглавија“ пред сега да се стави на хартија договор за два меча, со кои ќе имаат гарантирано по 100 милиони фунти.

Датумите и локациите за мечевите уште не се утврдени, но се очекува првиот меч да се оддржи во јуни или јули со Саудиска Арабија како најголем фаворит за добивање на најскапиот меч во историјата.

Scroll to Top