Top Sport

Фјури има план за дуелот Вајлдер: Кокаин и курви од 30 долари! (видео)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури никогаш не внимавал многу на своите зборови, како кога тврдеше дека мастурбира седум пати дневно за да го зголеми тестостеронот, и сега вели дека по римечот со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер има едноставен план: „Кокаин и курви од 30 долари“.

31-годишниот Фјури ќе добие шанса за римеч со Вајлдер во „МГМ Гранд гарден арената“ во Лас Вегас во сабота навечер откако во првиот меч во декември 2018 немаше победник во мечот. Популарниот „Џипси кинг“ сега вели дека се наоѓа во вистинскиот град за забава на посомнителни места.

„По овој меч, ќе одам на турнеја на кокаин и курви. Има ли нешто подобро од кокаин и курви? Одам по ефтините, од 30 долари. Само, секогаш ти е потребна инјекција пеницилин“, вели Фјури, кој инаку е женет со својата сопруга Парис од 2009 година и со неа има пет деца.

Scroll to Top