Top Sport

Фјури: Јас сум белец, па сум бил жртва на расизам

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека и покрај тоа што е белец, честопати бил мета на расизам во Велика Британија поради неговото ромско потекло.

Фјури, кој го носи прекарот „Џипси кинг“ е дел од етничката група „ирски патници“ (Irish Travellers), која живее во Велика Британија и која честопати се нарекува Цигани (Gypsys). На гостување на британската телевизија тој зборуваше за расизмот по протестите во САД и целиот свет поради расната нееднаквост и вели дека можеш да бидеш жртва на расизам без разлика на бојата на кожата.

„Јас сум бел маж, но во 2020 страдам од расизам, бидејќи сум травелер и имам такво етничко потекло. Дури и сега, ќе влезеш во паб, бар или ресторан и на врата пишува: ’Го заддржуваме правото да не пуштаме травелери, цигани’. Не страдаат само црните луѓе од расизмот. И никој не кажува ништо, тоа е прифатлив расизам тука. Тоа е што е“, вели Фјури.

31-годишниот боксер тврди дека тој и неговата сопруга Парис во 2016 година не им дозволиле да влезат во ресторан во Британија поради нивната етничка припадност.

„Тоа е страшно, бидејќи не можете да го судите човекот според групата. Да се види таков знак на ресторанот беше навистина разочарувачки. Јас сум шампион во тешка категорија кој ја претставува оваа земја и не можам да влезам во ресторан. Секој може да биде расист, без разлика дали е бел, црн, кафеав…“, додава Фјури.

Scroll to Top