Тајсон Фјури ги започна психолошките игри пред мечот со Дилијан Вајт. За нешто помалку од два месеци, Фјури и Вајт, ќе се борат за титулата во ВБЦ верзијата.
Вајт, вчера, не се појавил на прес конференцијата. Од таборот на Фјури рекле дека исполниле се што побарал противникот, а потоа започнал да поставува нови услови.
„Разбрав дека не сака неговиот лик да биде на постерот со кој се најавува мечот. Тоа не коректно. Мислам дека му е јасно, дека се зависи од мене и дека во Лондон ќе се случи шоу на еден човек“, рекол Фјури.
Борбата за шампионскиот појас ќе се одржи на 23.април во Лондон.
„Искрено, мислам дека нема шанса да бидам поразен од Вајт. Најголема предност е мојата самодоверба. Знам што можам и колку можам. Би го победил Вајт со врзана рака и со една нога“, истакнал Фјури.