Тајсон Фјури е подготвен за големи работи. Прво во сабота навечер во Белфаст сака да направи „италијанска кобасица“ од Франческо Пјанета, по што ќе оди на мега-меч со Дионтеј Вајлдер во Америка во ноември.
Доколку ова се оствари, Фјури и Вајлдер ќе му зададат сериозен удар на човекот кој ги има повеќето титули во тешка категорија, Ентони Џошуа, кој по месеци преговарања не успеа да се договори со Вајлдер за меч.
„Ова е сериозен бизнис за мене. Добро сум расположен, но знам дека овој викенд значи многу за мене. Не смеам да го загубам овој меч. Прво ќе се концентрирам да направам италијанска кобасица од Франческо, а потоа ќе го оставам Френк Ворен да преговара со Вајлдер“, изјави Фјури.
Вајлдер ќе биде присутен со неговиот менаџер Шели Финкел во саботниот меч, по што се договорени да отпатуваат во Лондон со Фјури и со неговиот промотер.
“Anthony Joshua, Deontay Wilder to me they’re all bums!”
“I’m going to go out there and smash Pianeta to pieces, make Italian sausage out of him!”@Tyson_Fury was on top form as he addressed the media in Belfast today ? pic.twitter.com/JsPvX9yu8m
— Boxing on BT Sport (@BTSportBoxing) August 14, 2018