Top Sport

Македонија со победа над Норвешка го потврди четврт-финалето

Македонија без мака со 86:70 (19:6, 22:29, 28:15, 20:17) ја совлада Норвешка за да го потврди пласманот во четврт-финалето на Европското првенство Б-дивизија во Сараево, по што следува вистинската борба за место во А-дивизијата.

По четири победи и еден пораз (од Русија), Македонија го освои второто место во групата Б, и сега го чека противникот во следната фаза на натпреварувањето.

Против Норвешка, репрезентацијата до 16 години стигна моќно добивајќи ја првата четвртина со 16:9, пред во втората „викинзите“ да се вратат со низа од 9:0 и да поведат со 18:16. Сепак, по овој лош период, се позна квалитетот на македонската репрезентација и до крајот на мечот немаше сомнеж кој ќе биде победникот.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Андоновски со 21 поен и 9 скока, а Миловановиќ додаде 20 поени и 11 скокови.

Scroll to Top