Тајсон Фјури лажирал дека закачил сериозна повреда на тренинг пред неговата блескава победа над Дионтеј Вајлдер и освојувањето на ВБЦ титулата, во обид да дознае кој е „кртот“ во неговиот тим кој предавал информации на медиумите.
Ова го открива братучедот на Фјури и член на неговиот тим, Енди Ли, кој додава дека Фјури намерно куцал за да покаже дека има повреда на скочниот зглоб. Тој продолжил да се однесува така и на посетата на УФЦ меч на неколку недели пред победата над Вајлдер.
„Имаше неколку дена кога Тајсон се игрше со сите да види дали ќе истечат информации. Тој лажираше дека е повреден и намерно куцаше по една спаринг-сесија. Тоа е нивото на неговите ментални игри. Во сопствениот тренинг камп прави такво шоу“, вели Ли за „Дејли мирор“.
Пред мечот со Вајлдер, Фјури исто така ги излудуваше новинарите со изјавите за тоа дека мастурбира седум пати дневно за да добие повисоко ниво на тестостерон, и наводно пиел 16 чаши вода дневно.