Top Sport

Фјури му порача на Нгану: Дојди кај „Џипси кинг“ да видиш што се пари

Пет години од супер-богатата пресметка помеѓу Флојд Мејведер Јуниор и Конор Мекгрегор, шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури го предизвика УФЦ шампионот во истата категориј, Френсис Нгану на дуел.

Нгану вчера вечер стана апсолутен УФЦ шампион, совладувајќи го Сирил Ган на поени, а покрај тоа е во голем конфликт со шефот на УФЦ, Дејна Вајт околу парите, повеќе пати најавувајќи преселба во боксерскиот ринг.

„Како што кажав, боксот секогаш е во џеб. Тоа е нешто што морам да го направам пред крајот на кариерата“, изјави 35-годишниот Камерунец по мечот.

„Џипси кинг“ веднаш реагираше.

„Честитки Френсис Нгану, но ако сакаш да направиш вистински пари, дојди да го видиш Џипси кинг“, напиша Фјури на Твитер.

Нгану доби околу 800.000 долари за својот 20. меч во УФЦ, нешто што е неспоредливо со сумите кои ги добиваат боксерите – Фјури заработи околу 30 милиони долари за нокаутот над Дионтеј Вајлдер минатата година.

Scroll to Top