Top Sport

Поранешниот УФЦ фајтер Фалкао убиен во Бразил

Поранешниот УФЦ фајтер, Маикел Фалкао бил пронајден избоден пред бар во неговиот роден град Пелотас на југот на Бразил, по што веднаш бил однесен во болница, но таму починал, јавуваат бразилските медиуми.

Фалкао имаше една борба во УФЦ, победувајќи го Џералд Херис на УФЦ 123 во Мичиген во ноември 2010, по што беше отпуштен од федерацијата откако беше откриено дека претходно бил уапсен за напад на една жена.

Две години подоцна Фалкао потпиша договор со Белатор федерацјата, каде што имаше меч за титулата против Русинот Александер Шлеменко, кој го победи во две рунди. И Белатор го отпушти по извештаите за улични тепачки во Бразил, по што тој настапуваше во повеќе федерации во Индија, Узбекистан, Аргентина и Чешка, но победи само 5 од последните 17 меча. Последниот меч му беше во Русија во декември 2019, кога загуби од Сергеј Романов.

Scroll to Top