Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури ја одбележи шестгодишнината од неговата славна победа над Владимир Кличко со интересна порака до фановите на социјалните мрежи во кое призна дека уште се мачи со менталното здравје.
33-годишниот Фјури во 2016 година стана апсолутен шампион во тешка категорија по шокантната победа над Украинецот Кличко, но потоа воопшто не ги бранеше титулите, откако се мачеше со депресијата, користејќи алкохол и дроги. Сепак, тој успеа да направи неверојатен камбек и да ја врати ВБЦ титулата по трилогијата со Дионтеј Вајлдер.
„Среќна годишнина за мене. Пред шест години, беше роден ‘Џипси кинг’. Го победив Владимир Кличко и станав апсолутен шампион во тешка категорија. Веднаш потоа, почнав да се мачам со менталното здравје. Никој не е сигурен од тоа. Без разлика кој си или што си. Имав тешка битка и продолжувам да имам тешка битка секој ден. Сите кои се мачите денеска, ова е ваш ден. Бидете позитивни, бидете силни, никогаш не се предавајте. Најдобро за сите, Господ нека ве благослови, имајте убава недела“, вели Фјури.