Шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури нема интерес да се префрли во ММА борбите, и ако УФЦ легендата Џон Џонс сака дуел со него, тоа ќе мора да биде во боксеррскиот ринг. Во видео објавено на социјалните мрежи, „Џипси кинг“ јасно ги кажа своите услови за борба.
„Гледам се појави и Џон Џонс. Џон, зборуваш за мене во кафез. Јас не сум фајтер во кафези, другар. Јас сум боксер, најдобриот боксер. Ако сакаш да дојдеш во боксерски ринг со мене, повели, кажи само. Не мора да повикуваш никој друг, јави ми се мене. Бидејќи ова бокс и јас сум шефот тука. Ти си голем фајтер Џон, но дефинитивно не си боксер“, вели Фјури.
Оваа порака дојде откако УФЦ коментаторот Џо Роган изјави дека Фјури би немал шанси ако биде затворен во соба со Џонс, по што Фјури се налути.
Џонс бргу му одговори на Твитер.
„Вчера Тајсон кажа: ‘Нема човек роден од мајка кој може да ме победи’. Денеска вели: ‘Џон не може да ме победи во боксерски ринг’. Да, среќен сум што тоа е јасно“, „боцна“ Џонс.
Tyson Fury responds to Jon Jones’ challenge:
“I’m not a cage fighter, mate. I’m a boxer. So if you want to come into a boxing ring to fight me, be my guest.” pic.twitter.com/aDPLhbwvz0— MMA Mania (@mmamania) May 19, 2023
Yesterday, Tyson says, “no man born from a mother can beat me”, today he says “Jon can never beat me in a boxing ring”. Yeah I’m glad we got that clarified. You just switched your beat up faster than Travis Barker, impressive.
— BONY (@JonnyBones) May 19, 2023