Top Sport

Фјури открива: Вајлдер не сака да ми честита, лош губитник, едноставно идиот

Тајсон Фјури го нокаутираше Дионтеј Вајлдер и со победа ја затвори нивната боксерска трологија, а веднаш по борбата испрати порака до противникот.

„Како што рекол големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик. Сакам да му се заблагодарам на спасителот Исус Христос, јас го славам, а тој ми ја даде оваа величенствена победа. Бев двапати на подот, не ми беше лесно. Вајлдер е силен удирач. Нема да се правдам, ова беше сјајна борба. Сепак, како што секогаш повторувам, јас сум најдобриот светски боксер, немој никогаш да се сомневате во мене“ рече Фјури.

Во изјава за „БТ Спорт“ Британецот рече дека противникот одбил да му ја честита победата.

„Му пријдов и му реков `Добра борба човеку`, а тој ми рече дека не сака да ми честита. Му реков `Нема проблем`. Бев изненаден, лош губитник е, едноставно идиот“ – рече Фјури.

Scroll to Top