Top Sport

Богдановиќ го намести нишанот и ги уништи „гризлите“

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ имаше одлична партија во победата на својот тим Атланта Хокс со 91-87 против Мемфис Гризлис во првиот претсезонски меч.

Богдановиќ за 26 минути на паркетот постигна 16 поени, со 5 асистенции, 3 скока и 1 украдена топка. Во шутот за 3 поени од 6 обиди имаше 4 реализации.

Освен Богдановиќ, и Џон Колинс броеше до 16, а во поразениот тим Бејн постигна 18 поени.

На останатите два ноќешни мечеви екипата на Бостон минимално со 113-111 го победи тимот на Торонто, додека Њујорк беше убедлив против Вашингтон, 117:99.

Scroll to Top