Иако боксерските фанови ја чекаат потврдата за датумот за мечот за обединувањето на титулите во тешка категорија, ВБЦ шампионот Тајсон Фјури е подготвен за мала „екскурзија“ и меч со Френсис Нгану, Камерунецот кој неодамна се откажа од УФЦ појасот во тешка категорија за да замине од федерацијата.
Фјури и украинскиот носител на титулите, Олександер Усик преговараат за меч оваа пролет, откако Фјури лани ги совлада Дерек Чизора и Дилијан Вајт. Фјури и Нгану неколку пати преку социјалните мрежи си упатија пораки за можен „кросовер“ меч, и бидејќи Нгану потврди дека ќе се обиде да се пробие во професионалниот бокс, не може да најде подобар противник од Британецот.
„Нгану е голем моќен човек, сигурен тешкаш и може да направи штета. Тој е слободен агент, што е поволна ситуција и би били одлично да ги видиме во рингот“, изјави таткото и менаџер на Фјури, Џон Фјури.
36-годишниот Нгану, смета, дека може да направи штета во тешката категорија.
„Сакам да остварам нешто во боксот, но би сакал и да останам во ММА борбите. Во совршен свет би одел на боксерски меч, па потоа и ММА борба“, изјави неодамна Нгану.