Top Sport

Французите лесно против Иран за четврт-финале

Франција немаше поголеми проблеми да ја совлада репрезентацијата на Иран со 41:29 (18:14), потврдувајќи го својот пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет во Шведска и Полска, за во директен дуел со Шпанија да одлучуваат за првото место во групата 1.

Французите имаа предност од четири гола на полувреме, која постојано ја зголемуваа во второто за рутински триумф. Никола Турна и Тибо Брие беа најефикасни кај Французите, кои можеа да си дозволат да ги одморат своите најдобри играчи пред поважните мечеви.

Во групата 2, Унгарија се намачи, но стигна до 28:25 победа над Бразил, но двете репрезентации не се во игра за четврт-финале.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА 1
Словенија – Шпанија 26:31 (15:15)
Иран – Франција 29:41 (14:18)
Црна Гора – Полска 20.30 ч.
ГРУПА 2
Кабо Верде – Португалија 23:35 (12:14)
Бразил – Унгарија 25:28 (14:14)
Исланд – Шведска 20.30 ч.

ПРЕЗИДЕНТ КУП, ГРУПА 1
Чиле – Уругвај 34:24 (17:13)
Саудиска Арабија – Јужна Кореја 23:34 (12:17)

Scroll to Top