ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури доби зелено светло да се обиде во уште една авантура која ќе му донесе многу пари, за ВВЕ (кечери) дуел со новиот шампион Дру Мекинтајр.
Популарниот „Џипси кинг“ минатата година по боксерскиот меч на 15 септември против Ото Валин влезе во кечерскиот ринг во Саудиска Арабија против Браун Стоумен на 31 октомври и веднаш стана ТВ-атракција.
Шкотланѓанецот Дру Мекинтајр стана првиот британски ВВЕ шампион на Реслманија и го предизвика Фјури на дуел и менаџерот на Фјури, Френк Ворен вели дека неговиот клиент има одврзани раце да се обиде.
„ВВЕ продолжуваат да го снимаат своето шоу без публика на Флорида и ако Тајсон има шанси да отиде таму, тогаш дуелот ќе се случи“, изјави Ворен за „Сан“.
Тајсон Фјури го доби WWE дебито во Саудиска Арабија со „нокаут“ (видео)