Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе го направи кам-бекот во боксерскиот ринг по пауза од две и пол години во Манчестер на 9 јуни, потврди промотерот Френк Ворен. Противникот засега не е именуван.
Британскиот боксерски борд (БББЦ) го суспендираше непоразениот 29-годишен Фјури во 2016 година поради признанието дека земал кокаин, но оваа суспензија беше крената во јануари. Последен меч на Фјури беше победата над Владимир Кличко за ИБФ, ВБА и ВБО титулите во тешка категорија во ноември 2015 година.
Но, откако двапати го одложуваше ри-мечот против Украинецот, прво му беше одземена ИБФ титулата, по што сам ги предаде ВБА и ВБО титулите. Неговиот сонародник, Ентони Џошуа сега ги има тие три појаси, додека последната голема титула (ВБЦ) е кај Американецот Дионтеј Вајлдер.
Фото: ЕПА