Тајсон Фјури „преживеа“ 12 рунди и го совлада релативно анонимниот Швеѓанец Ото Валин во Лас Вегас во саботата навечер, откако од третата рунда боксуваше со голема исеченица над окото по судир со главите.
„Џипси кинг“ очигледно имаше проблеми со повредата на десното око, но на крајот стигна до својата 29. професионална победа со 116:112, 117:111, 118:110 скор кај судиите. Лекарите покрај рингот во шестата рунда го проверија окото на Англичанецот, но дозволија мечот да продолжи и во последните рунди Фјури ја презеде контролата.
Otto Wallin tries to open Tyson Fury’s cut up even more after scraping his face after the break. pic.twitter.com/qkpo0EyP2B
— Ta1jaNx ㊗️ (@Ta1jaNx) September 15, 2019
По мечот, тој веднаш се сврте кон можниот ри-меч со Дионтеј Вајлдер.
„Добив исеченица рано, но јас сум цигански воин, а денеска е ден на независноста на Мексико – вива Мексико! Се работи за срце и постојаност. Денеска бев подобриот човек. Добив 12 рунди против силен Швеѓанец, и сега одам на Дионтеј Вајлдер. 22 февруари. Сега да поминам време со моето семејство“, вели Вајлдер.
Фјури и Вајлдер имаа контроверзен, но интересен меч во декември 2018 во Лас Вегас, кога беше „нерешено“, иако Фјури беше во нокдаун во последната рунда. Оттогаш, тој го победи Том Шварц и Валин, додека Вајлдер уште еднаш ја одбрани ВБЦ титулата, нокаутирајќи го Доминик Брезил.
Fury’s heart is just insane , he doesn’t know when he’s beaten absolute warrior. #FuryWallin pic.twitter.com/hxXxlZn98n
— Daniaal (@daniaal03) September 15, 2019