Top Sport

Цицпас-Чориќ и Квитова-Гарсија во финалето во Синсинати

Французинката Каролине Гарсија стана првата квалификантка со пласман во финалето на Синсинати опен, победувајќи ја Белорусинката Арина Сабаленка со 6:2/4:6/6:1 за да обезбеди меч со титулата со Чехинката Петра Квитова, која со 6:7(6)/6:4/6:3 во маратонски меч ја совлада шампионката од 2019 година, Медисон Киз.

Во машкото финале, четвртиот носител, Стефанос Циципас ќе биде фаворит во пресметката со Хрватот Борна Чориќ. Циципас го совлада светскиот рекет број 1, Русинот Данил Медведев со 7:6(6)/3:6/6:3, откако успеа да се соземе по „колапсот“ во вториот сет во кој Медведев имаше 5:0 водство.

Чориќ, пак, до своето второ Мастерс 1000 финале стигна со релативно лесна 6:3/6:4 победа над Британецот Камерон Нори. Нори имаше 3:1 водство во првиот сет, пред Чориќ да освои пет гема во низа, а потоа да поведе со 4:2 во вториот сет.

Scroll to Top