Тајсон Фјури, шампионската титула во тешка категорија, во ВБЦ верзијата, ќе ја брани на 23.април на лондонскиот стадион „Вембли“. Противник на Фјури че му биде сонародникот, со потекло од Јамајка, Дилан Вајт.
Дилан Вајт за пресметката со Фјури се избори со победата над Александар Поветкин.
И покрај тоа што Фјури, претходно неколку пати изјави дека титулата сака да ја брани во Кардиф, доцна синоќа излезе информацијата дека за една од најпрестижните титули во светот на боксот, Британците ќе се борат во Лондон.
Фјури во септември минатата година го нокаутираше Дионте Вајлдер и ја одбраби титулата. Плановите за борбата против Ентони Џошуа и обединување на сите титули во тешка категорија, му ги расипа Александар Усик, кој го победи Џошуа.
Од борбата на „Вембли“, Фјури ќе заработи околу 33.000.000 долари, а Вајт ќе заработи 8.000.000 долари. На овие суми доправ треба да се вметне и делот што ќе го добијат боксерите од телевизиските права.