Top Sport

Флешинг Медоуз не се откажува, закажан стартот на 31 август

Последниот календарски гренд слем од сезоната, САД опен ќе се оддржи според планираното со старт на 31 август по формалното одобрување на владата, објавува „Њујорк тајмс“.

Статусот на големиот турнир во Њујорк беше неизвесен откако градот е едно од жариштата на корона вирусот и голем број на врвни тенисери изразија сомнеж за нивното присуство. Според „Тајмс“ турнирот ќе се оддржи од 31 август до 13 септември без фанови.

Плановите за рестарт на гренд слем тенисот беа пречекани со резервација меѓу врвните тенисери, предводени од светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ. Според протоколот за бебедност, тенисерите ќе бидат ограничени во својот хотел надвор од Менхетен и ќе можат да носат само еден придружник на терените. Квалификациите во сингл ќе бидат целосно елиминирани, додека турнирот во двојки ќе биде намален од 64 пара на само 24.

Актуелниот шампион, Рафаел Надал, овој месец изјави дека нема да игра во Њујорк доколку турнирот се оддржува сега, барајќи да биде безбедно за „сите натпреварувачи“.

Scroll to Top