Флојд Мејведер Јуниор, еден од најдобрите боксери во историјата, објави дека сега има амбиција да стане „еден од најдобрите тренери“ на светот, следејќи го примерот на неговиот неодамна починат чичко Роџер.
43-годишниот Мејведер последен пат беше во рингот во 2017, кога го победи Конор Мекгрегор за совршен 50-0 скор, а сега станува тренер на неговиот 14-годишен внук инспириран од Роџер, кој почина минатиот месец.
„Ова ми е прв ден на работа со мојот 14-годишен внук, кој нема апсолутно никакво боксерско искуство. Првпат беше со мојот син, нешто што ви покажав пред неколку дена. Јас имав неверојатни тренери во мојата кариера, вклучувајќи ги мојот татко и мојот чичко. По неодамнешната смрт на мојот чичко Роџер, добив инспирација да помогнам слично како тие кои беа тука во текот на мојата кариера“, напиша Мејведер на Инстаграм.
По апсењето на неговата ќерка, Мејведер го подучува синот (видео)