Top Sport

Роберто Карлос не заборава: Рој Хоџсон не знаеше многу за фудбалот

Роберто Карлос денеска го прославува својот 47. роденден, но бразилската легенда не го штедеше неговиот поранешен тренер, Рој Хоџсон оценувајќи дека тој го „уништил“ во Интер и дека не знаел многу за фудбалот.

Карлос помина една сезона во Интер во 1995/96, пред да се приклучи на Реал Мадрид, клуб со кој освои 13 трофеи, станувајќи легенда на клубот. Тој открива дека побарал да замине од италијанскиот тим бидејќи бил исплашен дека нема да биде во бразилската репрезентација на Копа Америка поради менаџерскиот стил на Хоџсон.

„Рој Хоџсон ме уништи! Ме тераше да играм во средината на теренот. Така немаше шанси да играм за Бразил, а во 1997 не чекаше Копа Америка. Не е дека не се согласувавме добро, но тој навистина не знаеше многу за фудбалот. Зборував со претседателот на Интер, Масимо Морати и побарав да си заминам“, вели Роберто Карлос во интервју за „Марка“.

Тој остана познат како еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, а вели дека Фабио Капело бил човекот кој многу му помогнал.

„Отидов во Мадрид за Фабио Капело, и тој стана еден од најважните тренери во мојот живот“, додава Карлос.

Scroll to Top