Top Sport

Флојд Мејведер се штити од корона вирусот со куп долари

Флојд Мејведер Јуниор беше критикуван по неговата последна реакција фалејќи се колку кеш има додека трае изолацијата од корона вирусот.

САД ја помина Кина и Италија по бројот на заболени од КОВИД-19, а во исто време 43-годишниот Мејведер во сесија во живо на Инстаграм со НФЛ ѕвездата Антонио Браун зборуваше за своите „умни“ бизнис инвестиции.

„Знам дека велат: ’Флојд ќе остане без пари’, но јас сум човек кој има умни инвестиции. Затоа сега сум тука со овие големи ср.ња кои се случуваат и со инвестиции кои ми се исплатат. Додека трае рецесијата јас можам да ги хранам моите блиски“, вели Мејведер, по што вади околу 60.000 долари во кеш.

Потегот секако не наиде на добри реакции, откако многу луѓе во САД, како и во целиот свет, останаа без работа и без приходи во време на криза.

Scroll to Top