Top Sport

Сопственикот на Њујорк никс е позитивен на корона вирусот

Џејмс Долан, сопственикот на НБА тимот Њујорк никс и на НХЛ тимот Њујорк ренџерс, има позитивен тест на корона вирусот, потврдија од клубот.

„Тој е во самоизолација и нема симптоми и продолжува да ги надгледува бизнис-операциите на тимот“, се вели во објавата на Никси.

НБА и НХЛ сезоната ги суспендираа сезоните во март поради корона вирусот, а градот Њујорк е еден од жариштата на кризата. Повеќе НБА играчи исто така имаа позитивни тестови, вклучувајќи ги Кевин Дурант од Бруклин нетс и Маркус Смарт од Бостон селтикс.

Scroll to Top