Top Sport

Шарапова ги објаснува своите бизнис-тајни

Марија Шарапова заработи милиони од тенисот со нејзините пет гренд слем титули, уште повеќе милиони преку спонзорските договори поради нејзината атрактивност, но и дополнителни пари од нејзината компанија за слатки „Шугарпова“, која според сегашната вредност на берзата „тежи“ 20 милиони долари.

Токму затоа, не чуди, што Русинката беше гостинка на „Фокс бизнис“ каналот каде што зборуваше за своите бизнис-квалитети, своето искуство и даде совет на тие кои сакаат да го следат нејзиниот пример.

„Мислам дека јас донесов свежа перспектива и не правев конвенционални одлуки како што ми советуваа некои експерти од бизнисот со храна. Искуството што го прошетав светот и видов многу работи помогна. Имав платформа на фанови на кои им праќав порака, но имав и што да кажам. Не морате да бидете совршени на начинот на кој приоѓате кон бизнисот. Важно е и да се направат грешките, преку кои мора да научите. А, јас научив многу од тенисот. Многу повеќе учев од поразите отколку од победите“, вели Шарапова.

Русинката ја прекина сезоната по поразот од Карла Суарез Наваро на САД опен и следен закажан турнир и е Шенжен опен во јануари.

Scroll to Top