Top Sport

Фон Алмен: Како на филм, кога го видов резултатот…

Швајцарецот Фрањо фон Алмен го освои златниот медал во олимпискиот спуст, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе, со една од највпечатливите треки на патеката Стелвио.

Фон Алмен излезе на патеката веднаш по Марк Одермат и веднаш навести дека денот може да добие посебен. Неговото возење му даде огромна предност од дури 0,70 секунди, што остана недостижно за сите ривали до крајот на натпреварот.

„Не можам да опишам со зборови што ова значи за мене. Се е како во филм“, рече новиот олимписки шампион веднаш по трката.

„Не мислам дека ќе го сфатам вистинското значење до неколку дена по завршувањето на Игрите. Засега, можете ли воопшто да замислите нешто подобро од Олимписките игри?“

Кога го прашаа дали има тајна во неговото возење, тој кратко одговори:

„Тајната е да се обидеш да уживаш во скијањето.“

Иако имал добро чувство за време на спустот, самиот не очекуваше таков резултат.

„Знаев дека возењето е добро и без грешки, но се изненадив себеси. Дури кога го видов времето сфатив колку е всушност добро“.

Фон Алмен, светскиот шампион од Залбах, беше најбрз со време од 1:51,61. Тој е петтиот Швајцарец во историјата со олимписко злато во спуст, по Бернхард Рус (1972), Пирмин Цурбриген (1988), Дидие Дефаго (2010) и Беат Фојц (2022).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');