Top Sport

Фоњини го крена трофејот од Монте Карло!

Италијанецот Фабио Фоњини ја заврши неделата од соништата со 6:3/6:4 победа над Душан Лајовиќ за да ја освои својата прва Мастерс 1000 титула, кревајќи го трофејот во Монте Карло.

31-годишниот Фоњини, по три порази во Мастерс 1000 финалиња, откако во саботата го „здроби“ 11-кратниот шампион Рафаел Надал, имаше достоен противник во Србинот Лајовиќ, но неговото искуство на крајот пресуди.

Во првиот сет, Лајовиќ прв направи брејк за 2:1 водство, но неговата игра по ова се „распадна“ и тој дозволи Фоњини да освои четири гема во низа и да го добие сетот со 6:3. Вториот сет започна лошо за Лајовиќ со нов загубен брејк, но тој врати веќе во следниот гем. Италијанецот се созеде и се врати за 3:2 водство за да ја освои својата најголема титула во кариерата, заедно со трофејот во двојки на Австралија опен од пред две години.

Фоњини е првиот италијански тенисер со Мастерс 1000 титула.

Scroll to Top