Top Sport

Фоњини удри по Мареј: Арогантен е, го презираме!

Италијанскиот тенисер, Фабио Фоњини во својата книга опфати многумина, меѓу кои и Британецот Енди Мареј. Тие двајца досега се сретнале на теренот осумпати, моменталниот скор е 4-4.

Двајцата важат за темпераментни играчи, а еден од нивните најинтересни дуели беше оној во Шангај кога дојде и до вербален дуел, на кој имаше и пцовки.

„Мареј и јас никогаш не сме се согласувале. Ние сме две зовриени глави и многу брзо ги губиме нервите. Кога сме на теренот, се презираме. Мареј е арогантен уште од кога е млад. Таинствен е, прави снимки за да не исмее“ – вели Фоњини.

Се очекува двајцата тенисери да настапат на Ролан Гарос, последниот грен слем сезонава.

Scroll to Top