Top Sport

Куман од Норич купува десен бек за 33 милиони евра

Барселона го продаде Нелсон Семедо во Вулверхемптон за 40 милиони евра, па сега стратегот на Каталонците, Роналд Куман е во потрага по нов десен бек.

Шпанските медиуми пишуваат за трансфер на 19-годишниот Сержињо Дест од Ајакс. Наводно репрезентативецот на САД на „Ноу Камп“ ќе дојде за 20 милиони евра.

Каталонски „Спорт“ денеска објави дека Барселона наводно се договорила и со 20-годишниот бек на Норич, Макс Аронс. Тој, според пишувањата, ги прифатил сите барања на клубот, а во моментов траат преговори за тоа на кој начин ќе се изврши трансферот.

Барса сака Аронс да го доведе на позајмица. Од минатосезонскиот премиерлигаш се согласуваат но тоа, но под услов идната сезона Каталонците да го откупат договорот на дефанзивецот и тоа за 33 милиони евра.

Аронс минатата сезона, заедно со Финецот Пуки, беше најзабележителен во екипата на Норич. Пропушти само 2 меча поради жолти картони, инаку останатите мечеви ги играше сите 90 минути.

Куман не смета на услугите на Серхи Роберто кој во моментов е единствен десен бек во тимот, па затоа бара нови решенија за таа позиција.

Scroll to Top