Top Sport

Фонсека го елиминира Ѓоковиќ: Не верував дека можам да победам

Браизилскиот вундеркинд, Жаоа Фонсека, приреди сензација на Роланд Гарос, со победата над Новак Ѓоковиќ во третото коло. 19-годишниот славеше по неверојатна борба која траеше пет часа и со пресврт, откако ги загуби првите два сета (4:6, 4:6, 3:6, 5:7, 4:6).

Новак Ѓоковиќ, втор пат во кариерата загуби мел на грен слем турнир по водство од 2:0 во сетови. Во 2010 година, исто така на Ролан Гарос, загуби од актуелниот австриски селектор Јирген Мелцер.

Едноставно на Ѓоковиќ не му беше судено да го поведи 20-години помладиот Бразилец. Сите статистички параметрки беа на негова страна, но Фонсека,, клучните поени во третиот, четвртиот и петтиот сет ги одигра подобро.

„Не верував дека можам да победам. Ѓоковиќ знае како да се справи со ритамот, ја става топката каде што сака, понекогаш е ниско и длабоко и нозете мора многу да работат. Исто така, тој не се откажува, има 39 или 40 години, а се чувствуваш како да има 20. Неверојатно е. Во првите два сета се обидов да направам нешто, но ништо не помина добро. Пропуштив неколку шанси, од третиот се вратив подобро, играв поагресивно, подобро градев поени. На почетокот, имаше многу дроп шутеви, ми беше тешко. Но, фактот дека играв подобро при враќањето беше клучен. Ми беше тешко да го спасам сервисот, бидејќи чувствував дека е уморен и затоа се обидов, рече Фонсека по победата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');