Top Sport

Форже: Федерер е третиот најдобар тенисер на земја

Директорот на Ролан Гарос и француска тениска легенда, Ги Форже смета дека 20-кратниот гренд слем шампион Роџер Федерер може да отиде далеку на овогодишниот турнир враќајќи се по двегодишна пауза.

Федерер ги изненади сите кога најави дека ќе игра на Франција опен оваа година, и иако има еден трофеј на гренд слемот на земја, тоа е неговата најслаба подлога посебно поради доминацијата на Рафаел Надал.

„Понекогаш играш премногу и си преморен. Кога си толку искусен и имаш толку тенис во нозете го бараш вистинскиот баланс. Првата година кога тој рече дека нема да дојде, тој го освои Вимблдон. Потоа, не функционираше неговиот календар. Сега сака пак да дојде и мислам дека тој е третиот најдобар тенисер на земја, по Рафа, а можеби и Новак. Сигурен сум дека е конкурент за титулата“, вели Форже во интервју за „Л’Екип“.

Федерер победи на Ролан Гарос во 2009 година победувајќи го Робин Содерлинг во финалето, откако Швеѓанецот го шокираше Рафа Надал во четвртото коло.

Scroll to Top