Top Sport

Форже повеќе не е директор на Ролан Гарос

Ги Форже, директор на Ролан Гарос и Мастерсот во Париз, си поднесе оставка на двете функции. „Екип“, објави дека, Форже, одлуката му ја соопштил на првиот човек на Тениската федерација на Франција, Жил Моретон.

Форже, девет години беше директор на Мастерсот во Париз, а од 2016 година ја презеде командата и на Ролан Гарос.

Не се познати причините зошто Форже ги напушти двете функции.

Scroll to Top