Top Sport

Коронавирусот предизвика хаос во Тотенхем

Коронавирусот предизвика вистински хаос во Тотенхем, два дена пред дуелот со Рен во Конференциската лига. Рен го обезбеди првото место во Г-групата, Тотенхем мора да го победи својот противник и во исто време да се надева дека Витесе нама да ја совлада Мура.

Најмалку шестмина фудбалери и двајца членови на стручниот штаб се заразиле со коронавирусот. Тоа се Сон, Лукас Моура, Брајан Хил, Бен Дејвис, Емерсон и Кристијан Ромеро, односно Кристијан Стелини и Рајан Мејсон.

Во клубот, во текот на денот ќе бидат извршени дополнителени тестирања.

Според правилата на УЕФА, доколку во клубот има 13 незаразени играчи, вклучувајќи и голман, тогаш тимот има обврска да го одигра натпреварот. Во овој момент на списокот на Тотенхем, од оние кои се пријавени за настап во Конференциската лига има 18 здрави фудбалери.

Англиските медиуми пишуваа дека во случај да се појави уште некој позитивен случај, кубот ќе бара да му биде одложен натпреварот со Брајтон.

Scroll to Top