Вечерва во француската престолнина Париз на спектакуларен начин беа отворени 33. Летни олимписки игри. Париз по пауза од 100 години повторно е домаќин на најголемиот спортски настан. Спектаклот не го распипа ниту дождот кој цело време паѓаше.
Од 26 јули до 11 август во Париз, како и во 16 други градови во Франција и во далечниот Тахити ќе се одржат 329 настани во 32 спортови, на кои ќе учествуваат 10.714 спортисти.
Прв пат во историјата отворањето на ОИ беше на стадион, туку церемонијата се одвиваше на реката Сена.
Парадата на бродови започна под мостот Аустерлиц, низ Сена бродовите пловеа шест километри и минуваа под историските мостови и препознатливите знаменитости како катедралата Нотр Дам и Лувр.
Бродовите со спортистите на крајот пристигнаа пред Трокадеро, шеталиштето спроти Ајфеловата кула. Таму се одржа официјалниот дел од протоколот и палењето на олимпискиот оган.
Организаторите подготвија околу 100 чамци, на кои беа сместени околу 10.500 спортисти. Поголемите национални делегации имаа свои бродови, додека помалите ги делеа со другите.
Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти: Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка), Дарио Ивановски (атлетика, маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Еди Шерифовски (џудо) Милијана Рељиќ (таеквондо).
Знамето на отворањето го носеа Милијана Рељиќ и Дарио Ивановски.
Македонската делегација на бродот беше заедно со делегациите на Луксембург и Мадагаскар.
Церемонијата започна со скеч снимен претходно. Францускиот актер и комичар Џамел Дебуз го донесе факелот на стадионот, а потоа сфати дека отворањето нема да се одржи тука. Факелот потоа го презеде Зинедин Зидан, легендата на францускиот и светскиот фудбал.
Првата, како и обично, беше грчката делегација. Зад неа е олимписки тим на бегалци.
Некаде на почетокот настап имаше поп ѕвездата, Лејди Гага. Отворањето не можеше да помине без познатиот танц „Кан-кан“. Извореден настап имаа хеви металците од францускиот бенд Гожира, момците беа најавени од „Марија Антоанетаe“, француската кралица, како ја држеше отсечената глава. А по хеви метал бендот следуваше дел од операта Кармен, а потоа следуваше настап на уште една голема ѕвезда Аја Накамура.
…Gaga oh la la!
Excuse us as we pick our jaws off of the floor 🤯 @ladygaga just blew us away with a dazzling French cabaret performance at the #Paris2024 #OpeningCeremony! pic.twitter.com/oXBtU8wit3
— The Olympic Games (@Olympics) July 26, 2024
И модна ревија беше дел од церемонијата на свеченото отворање.
Дефилето заврши со делегацијата на земјата организатор. Франција на ЛОИ ќе настапи со 500 спортисти.
Here they come, Team France, the host nation! 🇫🇷
And while we're at it, let's sail across the waters, to Tahiti, where the surfing competition will take place. 🌊#Paris2024 #OpeningCeremony pic.twitter.com/P3U5McBRuR
— The Olympic Games (@Olympics) July 26, 2024
На крајот беше кренато олимпиското знаме, пред Ајфеловата кула со нотите на олимписката химна во изведба на 60 хористи на Радио Франција и 90 членови на националниот оркестар.
Потоа свои обраќања имаа Тони Естанж, претседател на Организациониот комитет „Париз 2024“, првиот човек на интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој ги прогласи 33. ЛОИ за отворени.
И за крајот остана палењето на олимпискиот оган. Мистериозниот човек кој не прошета низ Париз му го предаде факелот на Зинедин Зидан, легендарниот фудбалер потоа му го врачи на Рафаел Надал, потоа го презеде Серена Вилијамс, па мина низ рацете на славната Надија Команечи, легендарниот Карл Луис, Амели Морезмо, Тони Паркер, Мишел Гигу, Мари Жосе Перек…за на крајот да дојде до легендите на францускиот спорт атлетичарката Мари-Жосе Перек и џудистот Теди Ринер.
Целата церемонија заврши со изведбата на Селин Дион.
Главен режисер на свеченото отворање е Томас Жоли, француски театарски режисер и актер, настапија околу три илјади уметници, 400 од нив беа танчери.
Според прогнозите свечената церемонија на отворањето на ЛОИ ја следеа околу 600.000 луѓе. Дури 222.000 билети биле бесплатни, додека 104.000 биле продадени.
Низ француската метропола исто така беа поставени 80 големи екрани.
Француската полиција објави дека целиот настап минал без инциденти. За безбедноста се грижеле 45.000 полицајци и жандарми и 10.000 војници.