Top Sport

Франција најавува спектакуларно отворање на Игрите во 2024

Организаторите на Олимписките игри во Париз, најавуваат спектакуларно отворање на Игрите во 2024 година. Прв пат во историјата, отворањето нема да биде на стадион, туку во центарот на градот, на реката Сена.

Планот на Французите е свеченото дефиле да биде на околу 200 бродови кои ќе пловат по реката Сена околу шест километри, поточно помеѓу мостовите Понт д’Остерлиц и Понт д’Лен.

Планот е церемонијата да заврши на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула.

Сите оние што ќе сакаат да ја следат церемонијата од брегот на Сена ќе платат влезници, додека оние кои ќе бидат на Трокадеро нема да плаќаат влезници.

Се претпоставува дека целата церемонија ќе ја следат околу 600.000 луѓе.

Scroll to Top