Top Sport

Франција опен без Жо-Вилфрид Цонга

Францускиот тенисер Жо-Вилфрид Цонга се повлече од Лион опен следната недела и од Ролан Гарос откако не успеа да се опорави на време од операцијата на коленото.

Цонга, кој беше актуелен шампион во Лион, замина на операција во април, и сега на Твитер открива дека мора да паузира подолго.

„Секако дека сум разочаран, но ќе дојдам во Лион како амбасадор на турнирот и на Ролан Гарос, само како гледач“, изјави Французинот.

33-годишниот Цонга, кој е 37. на АТП листата, последен пат играше во полуфиналето на Монпелје интернешнл во февруари, каде што загуби од Лукас Пуј.

Фото: ЕПА

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');